Ќе јадам леб и паштета, ама ќе живеам во Скопје

Македонската метропола е место кое е многу привлечно за луѓето од другите градови.Развиено, европско и модерно. Секојдневно се гради и доградува. Секој ден има по нешто ново.

Кога ќе погледнеш од страна како мед и млеко да тече и како се да е убаво подмачкано.

Град Скопје е особено привлечен за студентите, а посебно студентките. Запишуваат факултет, а обично доаѓаат со една плус цел: Да го завршат факултетот, и по можност да се омажат во главниот град. Да се тргнат на страната од местото каде што доаѓаат. Дел од нив студентскиот живот го поминуваат во студентските домови, а дел под кирија со цимери.

Обично по завршувањето на студиите, сакаат да останат во Скопје, да живеат повторно цимерски живет, ма макар јаделе секој ден само леб и паштета.

Обично работат како келнери или пак во некој маркет или бутик. Секако платата што е ја земаат е поголема отколку што би ја земале во своето родно место, но кога на вага ќе се стави киријата, сметките и трошоците за живот, се добива дека работиш како да не си дома и како да кажеш дека живееш во Скопје.

Дел од младите во Македонија гледаат перспектива во главниот град, макар по секоја цена.