Ќе ја запознаеш својата сродна душа во моментот кога ќе си го промениш ставот кон животот!

Дали некогаш се прашувате зошто се уште не сте ја запознале својата сродна душа?

Пред некое време зборував со една пријателка која велеше дека и е преку глава да биде сама и дека повеќе нема добри мажи. Јас ја прашав зошто толку се брза и зошто едноставно во моментот не ужива сама со себе?

Таа рече дека сите што ги знаела се омажиле и дека навистина сака да има деца. Наскоро ќе има 40 години, а мажите сакале само девојки кои се во своите 20-ти. Плус смртно е исплашена дека сама ќе го помине остатокот од својот живот и дека никогаш нема да ја најде својата сродна душа.

Дали можете да ги слушнете сите процени и нерационални верувања кои таа ги кажа?

„Престара сум.“
„Мажите се лоши.“
„Сосема сум сама.“
„Никогаш нема да го добијам тоа што го сакам.“
„Ужасно е да бидеш сам.“
„Камо да имав некој,  тогаш животот ќе ми беше подобар и ќе бев среќна.“

Дали некогаш сте ги кажале овие зборови?

Ајде да замислиме дека другаркава ќе запознае некој баш сега. Ако верувате во Законот на привлечноста кој кажува дека  сличностите се привлекуваат. Па така, ако таа остане во оваа апатична фза, тогаш таа ќе привлече маж кој исто така е полн со предрасуди и несигурности.

И реков дека е време да пронајде поинаков став за нејзината ситуација.

Еве ги трите чекори кои таа (и вие, ако сте ко неа) може да ги следи, почнувајќи од истиот момент:

1 . Бидете понежни кон себеси во врска со вашиот моментален љубовен статус

Ќе го добиете тоа што го сакате и треба да верувате во тоа. Треба да знаете и да верувате со секој дел од вашето битие дека ќе си ја најдете сродната душа.

2. Бидете многу јасни во врска со тоа што сакате да го искусите во вашата врска

Замислете си како во моментов сте заедно со сродната душа. Што би правеле заедно? За што би зборувале?

3. Размислете за разговорите кои можете да ги започнете коишто би одговарале со тоа што го посакувате

Нешто во стилот: „Радосен/а сум за мојата сродна душа, која е на пат кон мене во моментов“ или „Си го сакам животот кој го имам и одвај чекам да го споделам мојот прекрасен живот со некого.“

Исто така, многу е важно да имате некој во вашиот живот кој ќе ви помогне да останете во нормала.

Кога го споделив ова со мојата другарка, таа почна да се полни со надеж. Почна да се чувствува возбудено за тоа што е возможно и почна да чувствува дека е океј тоа што е сама затоа што нејзината сродна душа е на пат кон неа!