
Вечерва на плоштадот “Слобода” во Бутел, со почеток од 17:30 часот, ќе започне веселата дружба преку орагнизираниот настан „Маалски игри“.
- Ја чуваме традицијата на маалсаката игра и дружба во општина Бутел. Играњето игри пред маалата и дружењето проследено со детски џагор е еден од симболите на нашиот живот во општина Бутел! Децата ќе имаат можност да научат и да се натпреваруваат во народна, грабни стапче, плочка, влечење со јаже, граница или сакате ли војна! - наведе градоначалникот Дарко Костовски во поканата до најмладите жители на општината.
Целата игра ќе биде проследена со детски замоци за забава, убава музика и супер забава!