Ќе има повеќе казни: ПОЦ најавува почесто санкционирање на непрописно паркирани возила

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски заeдно со надлежните служби од вчера на терен почнаа да вршат зајакнати контроли на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

-Екипите на ЈП ПОЦ секојдневно ќе ги санкционираат сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на паркиралиштата со цел да се реши проблемот со нeправилното паркирање и сообраќајниот метеж во Општина Центар. Во текот на вчерашниот ден беше извршена детална контрола во Зона 1 и Зона о1 и беа санкционирани 162 непрописно паркирани возила, а во наредниот период контролите ќе продолжат и на другите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието, се наведува во соопштението на ПОЦ.