„Ќе има милиони казни, сите можни сценарија се испитуваат освен да се вози според прописите“ - Твитерџија за „Сејф Сити“

Во првите 12 часа од пробното функционирање на „Сејф Сити“ системот регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800 и нерегистриран автомобил 1000. 

Сообраќајната култура не им е баш силна страна на возачите низ скопските улици и булевари! 

„Твитерџија“ има интересен и реален став околу ова. 

- Значи со просекот од вчера до крај на месецот би требало да има околу 4 000.000 казни само во Скопје. И сите можни сценарија се испитуваат освен да се вози според прописите.