Ќе има ли афтершокови?

По серијата земјотреси во септември, потресот од утринава е втор по јачина

После земјотресот од септември минатата година, со магнитуда од 5,3 степени, имаше три афтершокови. Познавачите велат дека нормално е да има афтершокова активност на послаби земјотреси. Истото има шанси да се случи и по потресот од утринава со магнитуда од 4 степени. 

По серијата земјотреси во септември, земјотресот од утринава е втор по јачина. 

Сеизмолозите велат дека не може да се каже дали има опасност или колкава е опасноста Скопје да се соочи со нов земјотрес, после последниот потрес.