Ќе им се врати ли Универзалната сала на скопјани?

Овој многу важен симбол за Скопје пропаѓа пред очите на граѓаните...

Дали Град Скопје ќе им ја врати Универзална сала на скопјани на која повеќе години виси клуч на врата со цел повторно во неа да се одржуваат културно-уметнички и спортски манифестации?

Но, за да се случи тоа скопјани ќе мораат да почекаат уште некое време, бидејќи објектот е во руинирана состојба, а за да светне во полн сјај најпрво ќе треба да се направи проект, дури потоа да почне изградбата. Сите досегашни проекти отидоа во вода. 

Скопјани постојано се навраќаат на спомените од многубројните настани на кои биле во Универзалната сала. 

По неа најпрепознатливи се многу манифестации и случувања, како „Златно славејче“, „Скопскиот џез-фестивал“, „Бубамара“, „Скопскиот фестивал“, концерти, претстави, промоции, со учество на реномирани домашни и интернационални гости. 

 

 

Air Jordan VII 7 Retro Championship