Ќе го реши ли новата градинка во Аеродром проблемот со згрижувањето на децата?

Општина Аеродром добива нова градинка со капацитет за згрижување на над 200 деца.

Градинката е лоцирана во Стар Аеродром на површина од 1700м2, има 8 занимални со сопствени тоалети и најсовремени услови за згрижување на најмладите. 

Аеродром, како и другите скопски општини, се соочува со огромен проблем со изнаоѓањето капацитети за згрижување на стотици деца.

Дали овој нов објект барем делумно ќе го реши овој проблем?

Конкретно во Аеродром околу 900 деца чекаат место во градинка. 

-Ова е потреба од највисок приоритет за Аеродром. Листата на чекање за упис е толку голема, што требаат најмалку уште 4 градинки во моментов, вели еден родител од општината. 

Покрај оваа во Стар Аеродром, нови градинки и доградба на постојните ќе има и во Мичурин, во близина на кулите Џевахир, во Населбата Лисиче и на неколку други локации низ општината. Вложувањето во подобрување на инфраструктурата за најмладите е наш врвен приоритет, велат од општина Аеродром.