Ќе ги исполнат ли градоначалниците ветувањата - што очекуваат граѓаните по изборите?!

Кандидатите за градоначалници во предизборната кампања ветуваа низа проекти кои ќе го унапредат живеањето во општините. Дел од нив, оние кои обезбедија четиригодишни мандати, наскоро ќе треба да се соочаат со предизвиците за реалзација на ветувањата.

На прашањето „Дали очекуваш изборите да донесат подобар живот во твојата општина?“ граѓаните по малку скептични, но сепак очекуваат промени.

„Затоа и гласавме, за промени, за некои нешта да тргнат на подобро“, вели една скопјанка.

Поголем дел од жителите на Аердором, на социјалните мрежи велат дека полошо од владеењето на досегашниот градоначалиник Златко Марин не може да биде.

„Кој и да беше следен ќе биде подобро, полошо од Марин не е можно во Аеродром“, вели една жителка на Аеродром која појаснува дека приоритетни се проблемите со аерозагадувањето и сообраќајниот хаос.

„Верувам дека идните градоначалници ќе останат доследни барем на 70% од ветувањата и тоа е доволно за да бидеме задоволни како жители. Ветуваа повеќе зеленило, повеќе капацитети во градинките, повеќе настани од културата, повеќе места за реакреација, ние тоа како граѓани со мали деца со заслужуваме“, вели еден жител на Карпош.

Дел од граѓанте се скептични, велат подобро ќе биде само за мал круг околу новоизбраните функционери.

„Ќе биде подобро за тие што ќе седнат во фотељите, за нас народот ќе видиме“, гласи еден коментар на социјалните мрежи.