Ќе дојде момент кога во твојот живот ќе влезат луѓе кои во тебе ќе разбудат нов живот

Ќе дојде момент кога во вашиот живот ќе влезат луѓе кои во вас ќе разбудат нов живот. Сето она во кое претходно сте верувале и сонувале ќе го гледате само како во некоја магла и нема да ви се верува дека оние работи кои порано биле само како шепот на срцето сега почнуваат да добиваат форма. Во вашиот живот ќе дојдат луѓе на кои без многу прашања ќе почнете да им го откривате она што лежи во длабочината на вашата душа и кои за ништо нема да ве осудуваат. 

Ќе дојде момент кога во вашиот живот ќе дојдат луѓе кои ќе ви помогнат да сфатите дека самите го избирате вашиот пат, луѓе кои ќе ве потсетат дека имате срце и дека поради тоа не треба да размислувате што ќе кажат другите кога планирате да направите нешто. Со таквите луѓе ќе сфатите дека оние мали моменти кои ги имате се оние моменти кои го прават величествен животот и дека треба да престанете да се преправате дека не ви значат ништо. Со нив ќе пронајдете начин да го отфрлите жалењето како начин на живот и да ја прифатите благодарноста.

Ќе дојде момент кога во вашиот живот ќе дојдат луѓе кои ќе ја допрат вашата храброст и ќе се прашате дали имате храброст да живеете како што сте сакале и ќе направат да престанете да смислувате различни оправдувања со кои цел живот се лажете себеси. Ќе сфатите дека тоа се луѓе кои е лесно да ги засакате, а со нив уште посилно ќе почнете да се сакате себеси. Со овие луѓе ќе сфатите дека почитта која ви ја даваат има моќ да ги преобрази сите вашите стари навики.

Ќе дојде момент кога во вашиот живот ќе дојдат луѓе со кои ќе престанете да се прашувате колку е часот, затоа што ќе ве научат дека сегашниот момент може да стане една мала вечност ако во неа има доволно љубов, разбирање и внимание. Ќе научите дека вашите соништа не се само еден облак магла туку реалност за која вреди да се борите до последниот атом сила којшто го имате. 

Кога ќе дојдат тие луѓе, прегрнете ги, отворете им ја својата душа и знајте дека тоа се луѓе кои ќе се борат за вас во вашите најтешки моменти. Вредноста на таквите луѓе е немерлива.