Ќе бидат засадени 3.500 листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини

Оваа есен ќе бидат засадени 3.500 листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини. Ова го изјави портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху на денешната акција за засадување дрвја во пресрет на обновувањето на дрворедот на улицата „Рузвелтова“.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев рече дека општината зема задача да го обнови меѓублоковското зеленило долж локалните сервисни улици и парковите што се наоѓаат меѓу зградите во населбите на нивна територија.

– Сметаме дека оваа акција ќе продолжи и во иднина и ќе продолжиме со интензивно засадување на веќе израснати, висококвалитетни дрвја што ќе бидат најдобриот филтер за прочистување на воздухот, особено во деновите кога има повисоко загадување, посочи Богоев.

Град Скопје ја реализира оваа есенската акција заедно со сите скопски општини кои во неа учествуваат со свои работници, механизација и садници.