Ќе барате парче повеќе: Маргарити одлични за вечера и доручек (ВИДЕО)

СОСТОЈКИ:

1 коцка квасец (30 гр)

1 јогурт

100 мл мелко

малку сол

1 лажица шеќер

500-600 гр брашно

малку масло

200 гр сирење

3 јајца

малку сусам

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Квасецот растопете го во малку млако млеко, додајте шеќер, па кога квасецот ќе се растопи додајте го остатокот од млекото, јајце, јогурт, брашно, сол па замесете средно тврдо тесто. Оставете го да нарасне на топло.

Растегнете го тестото на дебелина од прст и вадете мали погачи. Скршете јајца, одвојте ги жолчките од белките. Секоја погача намачкајте ја со белка, па поклопете ја со друга погача и редете ги во плех и оставете ги да нараснат.

Нараснатите маргарити притиснете ги во средина и направете вдлабнатинки. Издробете сирење, додајте јајце, измешајте, па со тоа полнете ги маргаритите.

Намачкајте ги со жолчка и посипете ги со сусам. Маргаритите печете ги на 180 степени околу 25 минути. Послужете ги топли.

На здравје!