Ќе бараме дозвола и ќе плаќаме такса за влез во Шенген-зоната

Дозвола за влез во Шенген зоната државјаните од западен Балкан ќе мора да побараат во иднина преку интернет без разлика што не им е потребна виза. 

Освен тоа, тие ќе треба да платат и такса од седум евра што е дел од мерки што Европската унија ги воведува за поголем надзор на надворешните граници, одлучија амбасадорите на Унијата. 

Се очекува новата мерка да почне да важи од јануари 2021 година. Целта на тој нов систем е да се спречи илегалната миграција во Шенген просторот и се однесува за околу 1,4 милијарди граѓани ширум светот.