Кива: Природен лек против многу заболувања

Киви (или кинеско диво грозје) е едно од највкусните, но и најздравите овошја. Потекнува од јужна Кина, од кинеската провинција Шанжи. Ова егзотично овошје е признаено како национален симбол на Кина.

На почетокот на дваесеттите години од минатиот век, семките од киви биле пренесени во Нов Зеланд од мисионери. Таму овошјето било натурализирано. Од Нов Зеланд било распространето низ целиот свет и сега се одгледува на многу места во Европа, а во Северна Америка најмногу плантажи има во Калифорнија. Своето име го добило по птицата тркачка која живее во Нов Зеланд.

Плодовите на кивито се богати со фито-хемикалии, витамини и минерали и други корисни состојки кои го одржуваат и подобруваат здравјето. Често го нарекуваат и овошје на вечната младост.

Бројните истражувања потврдиле дека кивито, поради богатсвото на здрави и корисни нутритиенти, поволно влијае на здравјето, но помага и за спречување и лекување на многу заболувања и други здравествени проблеми. Поради тоа, кивито е прогласено за „супер храна“ и е на листата на „супер намирниците“ каде се наоѓаат и боровинките, малинките, капинките, сливите, брокулата, кељот...

Кивито е богато со антиоксидансот полифенол, кој го содржи во поголема количини од портокалот, мандарините или јаболкото.

Природен лек против многу заболувања

Резултатите од студијата која ја спровеле научниците од Универзитетот „Teikio“ во Токио покажале дека полифенолите од кивито имаат силна антиоксидативна активност и ги уништуваат слободните радикали кои се создаваат во организмот, а кои можат да доведат до оштетување на клетките и до развој на многу заболувања. Кивито спречува развој на болести предизвикани од оксидативниот стрес, како и оштетувања предизвикани од болести како артериосклероза, срцев застој, Алцхајмерова болест, Паркинсова болест, малигни болести...

Специфичните биолошки активности на кивите го штитат срцето и крвните садови, го регулираат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од кардиваскуларни болести како атеросклероза. Исто така, го намалуваат и ризикот од срцев и мозочен удар.

Кивито е содржи растворливи растителни влакна (3,8 грама во 100 грама овошје, што е 10 % од дневно препорачаната доза). што значи дека е одличен физички лаксатив. Растителните влакна за заштитуваат слузницата на цревата, така што го намалуваат времето на изложеноста на токсичните материи, но и со врзување на канцерогените состојки во дебелото црево.

Плодовите од кивито се богати со витамин Ц, А и Е, К, омега-3 масни киселини, растителни влакна, калиум, магнезиум... Помага и во регулирањето на шеќерот во крвта, па затоа им се препорачува на лицата кои боледуваат од шеќерната болест.