Кога ќе се спомене есен и зима на Балканот, веднаш на ум ни доаѓа мирисот на кисела зелка.

Photo by Markus Winkler on Unsplash
Тоа е повеќе од храна – тоа е традиција, лек, и дел од нашата култура. Тоа е традиција од нашите баби и дедовци.
Киселата зелка е добра пред сè затоа што е природно ферментирана. Во тој процес се создаваат добри бактерии кои му помагаат на нашиот дигестивен систем. Денес научниците зборуваат за пробиотици, а нашите баби одамна знаеле дека киселата зелка „ја средува стомачната работа“ и го зајакнува имунитетот. Во време на настинки и грип, еден тањир чорба од кисела зелка може да биде вистински лек.
Освен тоа, киселата зелка е полна со витамин Ц, кој е клучен за да останеме здрави во студените месеци. Содржи и витамини од групата Б, железо и калиум, што ја прави одлична за енергија и сила. Во народната медицина, киселата зелка се користела и за смирување на воспаленија, па дури и како облога на телото.
Но не е само здравјето во прашање. Киселата зелка е симбол на нашата кујна. Таа е основа за сарми, тавче со месо, чорби, салати. Нема празнична трпеза без сарма, а нема сарма без добра кисела зелка. Има нешто магично кога целото семејство се собира околу масата, а мирисот на зелка и месо ја исполнува кујната.
И на крај – киселата зелка е добра затоа што нè потсетува дека и наједноставните нешта можат да бидат највредни. Само вода, сол и зелка и од тоа се добива богатство кое не само што не храни, туку и нè зближува. Во тие бурина не е само зелка – таму е собрана љубовта и трудот на домаќините, желбата да се има за сите, и да се преживее зимата со полна трпеза.