
Кисела Вода успеа да обезбеди ново противпожарно возило, ваквата вест на социјалните мрежи ја објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој притоа посочи дека било неопходно да се подобрат капацитетите на Противпожарната Бригада.
“Секое лето, а посебно изминатово, сите видовме колку лесно и брзо може да се запали и прошири пожар, загрозувајќи го животот, домот и природата и за жал увидовме дека е неопходно подобрување на капацитетите на нашата Противпожарна Бригада.
Голема е мојата благодарност до компанијата ,,Шпаркасе Лизинг”, до директорот Марјан Манчев, кои ги препознаа нашите намери и како општествено одговорна компанија, покажаа исклучителна грижа за безбедноста на нашата заедница, донирајќи ни го ова противпожарно возило.
Ваквите партнерства меѓу приватниот сектор, општините и јавните служби се и повеќе од потребни кога за цел имаме подобрување на условите за живот на сите граѓани.
Она што е наш следен чекор, како локална самоуправа е да ѝ го понудиме ова возило на Противпожарната Бригада, со цел таа да може побрзо и ефикасно да реагира и да ги заштити граѓаните, а пред сѐ жителите на општина Кисела Вода“., напиша Ѓорѓиевски
Тој посочи дека снабдувањето со ново возило претставува значајна помош, особено во моменти кога навистина е неопходно брзо и ефикасно да се реагира.