Кисела Вода ќе добие затворен базен, на отворањето ќе присуствува премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присустува на свечено отворање на базен од затворен тип во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.

„Базенот е еден од петте кои беа почнати од поранешната Агенција за млади и спорт, во 2020 година, и беа оставени недовршени со реализација од околу 20 отсто. Другите четири се во општините Ѓорче Петров, Кичево, Битола и Штип.“, се наведува во владиното соопштение.

-По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од шест месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото, соопшти владината прес-служба.

Реализацијата на базенот во Кисела Вода изнесува 46.551.713 денари.