
Градиме 10 нови детски катчиња низ целата општина, информираше градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Вчера започна со изградбата на првото катче, во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“ во Драчево.
На гумирана подлога што го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување, а просторот ќе биде и осветлен, за безбедна игра и во вечерните часови.
„Со изградбата на овие детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјалните и моторичките вештини, а наш приоритет е секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива и да создава убави детски спомени“, порача Стаменкоска Трајкоска, додавајќи дека ивестираат во среќно, безбедно и активно детство за секое дете.