Кисела Вода и Центар денеска без струја, вода ќе нема во Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре денеска (вторник) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од ул. Орце Николов лоцирани на потегот од ул. Рузвелтова до ул. Алберт Ајнштајн. (општина Центар)

- во периодот од 14.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. Саса – подулица 32 во населба Пинтија. (општина Кисела Вода) 

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за локациите на денеска ќе нема вода:

-Поради дефект на затварач од ф - 80 мм на ул. Скупи б.б – кај Техно Комерц, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Скупи, објектот на Аџибадем Систина, околните објекти и Момин Поток. (Општина Карпош)