Кисела Вода и Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:

-од 08:00 до 11:00 часот, корисниците од ул. Ѓорѓе Андреевиќ Кун 19, 21, Бул. 12 Македонска Бригада непарни броеви 69 и 85 (општина Аеродром)

-од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Саса 30, Пинтија (Општина Кисела Вода) 

- од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од Стаклара (Општина Кисела Вода).