Кисела Вода денеска го одбележува патрон празникот на општината - закрилникот Ѓеорѓиј Победоносец

По повод големиот христијански празник свети великомаченик Ѓеоргиј Победоносец, Ѓурѓовден кој е патронен празник на Општина Кисела Вода денеска градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денот го почна со присуство на утринска литургија во храмот „Св. Ѓорѓи“.

- За многу години празникот посветен на светиот великомаченик Свети Ѓорѓи - Ѓурѓовден! Празникот има длабоки корени во нашата традиција и култура, пренесуван низ генерации како пример како треба да се чува нашата света православна вера, порача таа и додаде: 

- Нека ни донесе овој светол ден мир, благосостојба и сплотеност, а Свети Ѓорѓи нека нè закрилува и ни дава сила да чекориме напред со вера и надеж.