Кисела Вода, Центар и Студеничани утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известувaaт дека утре (среда) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од корисниците од ул. Студеничанска од каналот кон Студеничани, како и корисниците лоцирани околу Вајота. (општина Студеничани)

- во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. Румена Хаџи Панзова од бр.1 до бр.19 – непарни броеви. (општина Кисела Вода)

- во периодот од 12.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. 11 - ти Октомври на потегот од Црвен Крст до Билна Аптека, дел од корисниците од бул. Кочо Рацин, како и објектите на ЖТП Кула и ОУ Димитар Миладинов. (општина Центар)