Неспособноста на Арсовска со своите кадри допринесе за само две години од кога таа е на функција, како и во сите јавни претпријатиja така и во Скопје ЗОО да се случуваат инциденти, за жал за само неколку месеци имаме помор на животни, вчера почина и последната жирафа ФЛОПИ која беше атракција за сите посетители од целиот регион, вели Стефан Кирков.
Заклани 10тици коњи, 3 починати жирафи, шимпанзо, 3 монголски коњи , 2 пингвини ..... до кога?
Сето ова се случува по поставувањето на нејзините кадри а овие инциденти и причини се без епилог и под сомнителни околности за што Арсовска молчи ?
Од најпосетувана установа, Арсовска за само 2 години направи да за нашата ЗОО да се пишува во Европските медиуми како ХОРОР ОД ЗООЛОШКА !!! Ќе има ли крај на ова? Одговорност постои ли? АРСОВСКА???, додава тој.