Кирил Лазаров се запиша во историјата, го постигна 500-от гол на големите натпреварувања!

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров се запиша во историјата, откако вчера на мечот со Белорусија го постигна 500-от гол на големите натпревараувања.

Леворакиот „бомбардер“ беше прогласен за играч на мечот и покрај поразот на Македонија од Белорусија (26-30) на последниот меч на Светското првенство во Египет. Тој вчера постигна седум гола и стигна до еден голем јубилеј – 500 гола на големите натпреварувања.

Лазаров, се уште е рекордер по број на голови на едно СП. Статистиката вели дека зад себе има седум Мундијали и Европските првенства. Од овие 500 гола, преку 300 се само на Мундијалите, а останатите на континенталните шампионати.

Лазаров пред 22 години како тинејџер дебитираше во сениорската репрезентација и тоа токму на СП во Египет, на првиот мундијал на Македонија во историјата во 1999 година.