Кире Лазаров со порака до фудбалерите: Ништо не е случајно!

Македонската фудбалска репрезентација режираше сензација во Дуизбург. Македонија успеа да ја урне Германија со 2:1 на гостински терен.

Македонските репрезентативци заслужено добиваат голем број честитки, а порака добија и од најдобриот македонски ракометар, капитенот на националниот тим и од неодамна и селектор на ракометната репрезентација.

Честитики до сите фудбалери, селекторот, капитенот Горан Пандев и сите инволвирани кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионалниот спорт нема случајности, ниту среќа, среќата се заслужува со посветеност, верба, ентузијазам и борба до крај.

Македонскиот спорт станува нашиот најголем амбасадор во светот, спортистите се најголеми амбасадори… Ви честитам од срце и само напред кон нови победи, покажавте дека имате ментална сила, карактер, македонски инает, интелегенција… Ви посакувам многу среќа на Европското првенство. Одиме заедно кон во нови победи за Македонија“, напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.