Кире Лазаров со четири помошници, Миркуловски тренер-играч

Новиот селектор ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денеска го соопшти стручниот штаб со кој ќе работи во следните четири години. На списокот се најдоа добро познати имиња меѓу кои се двајца поранешни играчи и еден повратник и во играчкиот кадар.

Филип Миркуловски исто како и Кирил Лазаров ќе има двојна улога во следната година односно додека е активен и на теренот. Двајцата ќе бидат и на тренерскиот список и на играчкиот за првите собири, но останува можноста тие да бидат дел од играчкиот кадар и во следната сезона.

Миркуловски е тренер-играч и во редовите на Вецлар уште од почетокот на оваа сезона така што сега само добива уште една ваква задача, но во националниот тим.

На тренерскиот список се и Бранислав Ангеловски, Ацо Јоноски и Билјана Црвенкоска. Се работи за поранешни репрезентативци на Македонија, па со своето искуство ќе бидат од голема помош за националниот тим односно за новиот селектор на Македонија.