Кире Лазаров доаѓа во Вардар?

Холгер Гландорф, десниот бек на Фленсбург, од следното лето би можел да стане играч на Барселона, според пишувањаната „hballtransfers“ , а тоа значи дека најверојатно нашиот капитен Кире Лазаров, нема да го продолжи договорот со каталонците, пишува 24ракомет.

Мартин Швалб, поранешниот тренер на Хамбург кој сега работи како стручен коментатор во Скај Спорт, изјавил дека започнале преговорите меѓу Гландорф и Барселона и дека 33 годишниот бек нема да го продолжи договорот со Фленсбург.

Ист е случајот и со Кире Лазаров, чиј договор истотака завршува на лето. Во Барселона на десен бек освен Лазаров од оваа сезона ќе настапува младиот Французин, Дика Мем, но во каталонскиот гигант сигурно нема да ризикуваат да останат само со еден неискусен играч на таа позиција.

Веќе многу се има зборувано за трансфер на Лазаров во нашиот најдобар ракометен колектив Вардар. Шпекулациите сега стануваат се посилни со оглед на тоа дека Алекс Душебаев на лето прави трансфер од Вардар во Киелце. Можеби шпекулациите кои ги има неколку години конечно ќе се реализираат.