Киното во „Железничка зграда наскоро повторно во функција

„Железничката зграда“ е редок градски пример кој во себе содржи просторија која првенствено била наменета за станарите на оваа зграда. Киното во неа беше местото за кое не врзуваат многу спомени и затоа неговото ставање во функција, не е само носталгија туку и нов почеток, вели Слободан Кочовиќ, заТв Телма. 

Станува збор за долг процес кој го започнавме уште 2014 во рамките на проектот „Кога зградите би зборувале“. Железничката зграда е уникатна токму и поради заедничките простори, смета Јовановски.  

Идејата е да се направи едно убаво партнерство помеѓу активности битни за заедницата, културни активности важни за заедницата, простор кој може да го користат млади уметници и архитекти. Активности во корелација за заедницата и не случајно тој простор е направен на вториот кат кој ќе ја обединува заедницата., вели Филип Јовановски, Факултет за работи што не се учат.

Со поддршка на општина Центар и донации кои во претстојниот период ќе се собираат „Железничката зграда“ повторно ќе ги обедини не само станарите, туку  и сите оние на кои им недостига маалскиот живот. 

Сакаме оваа зграда која е симбол на Центар, но пред се на оваа населба каде што живеат граѓаните да направиме напори да ги обновиме сите нешта кои во изминативе години ги обединувале луѓето. Тоа е пред се обновување на целата оваа зграда, места каде се собирале луѓето, вели градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Долгиот процес на работа со заедницата на станари во оваа зграда беше заокружена и со престижната награда „Златна трига“ на авторите Филип Јовановски и Ивана Васева на „Прашкото квадриенале“ 2019.