Како дел од богатата културна понуда во рамките на кандидатурата за Скопје - Европска престолнина на културата 2028 утревечер (02.09.2023 година, сабота) на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк се организира филмска вечер на отворено со проекцијата на хитот „Панкот не е мртов“.
Филмот „Панкот не е мртов“ од режисерот Владимир Блажевски ќе почне во 20 часот.
- Бесплатните кино проекции на отворено ја збогатија културната понуда во топлите летни вечери и го привлекоа вниманието на многу граѓани кои го посетуваат Градскиот парк и уживаат со проекциите на македонски филмови, велат од Град Скопје.