Кино на отворено продолжува во Градски летен парк

Во рамките на септемвриското издание на Градски летен парк се вклучува и фестивалот на европски филм, „CINEDAYS“, информираат од Младинскиот културен центар. Како најава за неговото 17-то издание, од МКЦ информираат дека повторно организираат бесплатни филмски вечери преку Кино на отворено.

„Филмскиот викенд ќе започне во четврток (13 септември), со темна приказна раскажана на забавен начин, еден од најпознатите вознемирувачки филмови на режисерот Вуди Ален – „Ирационален човек“. Веќе следната вечер, петок (14 септември) на големото платно во Градски парк ќе биде прикажан визуелно спектакуларниот филм „Големата убавина“ („La Grande Bellezza“) од режисерот Паоло Сорентино“, информираат од МКЦ.

Двете филмски вечери додаваат од Младински културен центар ќе започнат во 20 часот.