Кино МекГрегор: Кога работите се распаѓаат, сите имаме избор

Со години секогаш успевав да се справувам со сите работи. Давав се’ од себе, но изгледаше дека што и да правам, секогаш некој друг беше еден чекор понапред. Постојано чекав да дојде мојата голема шанса и кога тоа не се случи, се исфрустрирав. Но, кога мојата „стаклена куќа“ се сруши, речиси ќе се удавев во цунами од тага. Речиси. Можеби не го знаете ова за мене, но цел живот се борев со депресија. И обично доаѓа во бранови и периоди.

Имаше тајни кои ги чував во себе кои мислев дека никогаш нема никому да ги кажам. Ми се случија работи кои мислев дека никогаш нема да ги простам. Но, во лажната земја на совршени приказни, нема болка, само чисти ситуации и сите работи имаат смисла. Но, тој свет не е реален и човек не може да знае кој доколку работите не се распаднат. 

Тоа е кога фурнирот ќе падне, кога ќе ви избегаат сите вистински зборови, кога вашето чувство за тоа кои сте вие е под знак прашање, тоа е кога ќе се соочите лице в лице со тоа што сте. Акција. Реакција. Толку е моќно што има своја инерција управувана од шема толку длабока што речиси може да почувствувате како гигантските брзини се менуваат во вашата душа.

Вие треба да изберете каква личност сте, какви вредности претставуваат вашите постапки, каква е вашата намера. Чинот на избор е тест, како да се открива личноста која сте вие, врз основа на патот кој сте избрале да го следите.

Можете да изберете да се оддалечите од големото огледало на животот и да се сакате себеси и вашиот свет. Или можете да дозволите горчината, лутината, огорченоста и депресијата да ја преземат контролата.

Животот не е црно-бел. Животот е илјада бои и секоја од нив  има свој глас. Вие треба да одлучите кои од нив ќе ги слушате. Но, не можете да го бутнете сето во уредни мали кутии што имаат смисла. Тоа не е причината зошто сте тука.

Вие сте тука, во ова тело, на планетата, за да научите да го сакате повеќеслојното, мулти-димензионално искуство на живеењето и животот.

~ Кино МекГрегор, Elephant Journal