Кинески научници откриле моќни антитела кои би биле ефикасни против сите соеви

Кинеските научници тврдат дека изолирале антитело кое може да биде високоефикасно и да ги неутрализира сите видови на коронавирусот. Ваквиот заклучок доаѓа по низа лабораториски експерименти извршени врз живи организми.

Во студијата објавена во вторникот, кинеските научници од различни институции, вклучително и Универзитетот Сун Јат-Сен во Гуангжу и Универзитетот Жеџијанг во Хангжу, рекоа дека би можеле да имаат лек за пандемијата Ковид-19 наскоро.

Авторите на оваа студија тврдат дека моноклоналното антитело 35B5 покажало и ин витро (лабораториски експеримент или експеримент со епрувета) и ин виво(извршени на жив организам) студии за неутрализирање на ковид 19 од див тип (без мутации), како и варијанти на загриженост. (VOCs). Беа извршени ин виво тестови на хуманизирани глувци.

Научниците забележале дека антителото делува и на опасниот вид делта, кој, откако првпат се појави во Индија, е најголемиот виновник за разорните бранови на инфекција низ светот во последните месеци.

“35B5 го неутрализира коронавирусот со таргетирање на единствен епитоп (делот од антигенот што имунолошкиот систем го препознава) кој ги избегнува местата на мутација. Антителото 35B5 покажа ефикасна неутрализирачка способност во неколку различни видови. Научниците велат дека откритието може да се искористи за создавање универзална вакцина против коронавирус“.

Делот од антигенот кој го таргетира антителото 35B5 е присутен и во омикронската варијанта, истакнуваат истражувачите.

Ова истражување би можело да биде особено значајно, бидејќи новата (на многу начини поопасна мутација на корона) варијанта на вирусот наречена омикрон се заканува да се шири низ целиот свет. Научниците ширум светот се загрижени дека мутантниот вирус би можел да го избегне имунитетот предизвикан од вакцината, како и од оној стекнат со претходна инфекција.