Кинеска мудрост: Чистата совест не се плаши од ноќта

Зборовите од стара Кина се пренесуваат од генерација до генерација и денес, а постои голема причина за тоа. Тие во себе кријат огромни мудрости.

Ако сме трпеливи во еден момент на лутина, ќе избегнеме 100 денови тага.

Ако сакате да престанете да пиете, набљудувајте го пијаницата додека сте трезни.

Подобро е да запалите свеќа, отколку да ја проколнувате темнината.

Бидете внимателни кога нешто ќе посакате. Можеби тоа ќе се оствари.

Чистата совест не се плаши од ноќта.

Човекот е среќен онолку колку што е подготвен да ги усреќи другите.

Човекот кој може да ги победи другите е силен, но семоќен е оној кој може да се победи себеси.

Слушам и заборавам, гледам и паметам. Работам и разбирам.

Децата се огледало на родителите.

И убавите цветови се убави само некое време.

Еден разговор со мудар човек може да вреди повеќе од месеци учење од книга.

Кога богатиот ќе стане сиромашен, тој станува учител.

И илјада луѓе да веруваат во една глупава работа, таа и понатаму останува таква.

Кој има пари, има и пријатели.

Кој ја бара вистината, мора да знае и да ја поднесе.

Патот од илјада километри почнува со еден чекор.

Оној кој прашува е будала пет минути, но оној кој не прашува е будала целиот живот.