Кинеска медицина: Потиснатите емоции се извор на сите болести

Кинеската медицина е различна од модерната, односно т.н. западна медицина.

Photo by Mark Daynes on Unsplash

Според неа, емоциите се извор на многу болести. 

Кинеската медицина користи поинакви методи, па така дава и различни одговори на некои здравствени прашања. Теориите на јинг  и јанг и петте елементи претставуваат основа за функционирањето на здравиот организам, како и појавата и лечењето на болестите. Јанг како и денот го означува светлото, топлото и активното. Од друга страна пак, јинг ја означува ноќта, односно темното, студеното и некативното. Тоа се двете крајности, кои се меѓусебно зависни и се спротиставуваат едно на друго, но и се надополнуваат.

Колку и да се различни симптомите, сите методи на кинеската медицина се насочени кон поставување на рамнотежата, односно отстранување на она што претставува вишок и додавање од она што е недостаток во нашето тело. 

Освен тоа, според оваа медицина, сè што постои во природата може да се подели во пет категории: дрво, оган, земја, метал и вода. Па така, на секој елемент му се припишани и одреден орган, емоција, боја, вкус и годишно време.

  • ДРВО (црн дроб, лутина, зелена боја, кисело и пролет=
  • ОГАН (срце, радост, црвено, горчливо, лето)
  • ЗЕМЈА (слезина, грижа, жолта, слатко, крај на летото)
  • МЕТАЛ (бели дробови, тага, бела, луто, есен)
  • ВОДА (бубрег, страв, црна, солено, зима)

Според оваа медицина, емоциите се главен извор на болестите, а секој орган е поврзан со различна емоција. Кога ја чувствуваме силно, тогаш таа влијае на соодветниот орган. Лутината е врзана со црниот дроб, а стравот со бубрезите.

Така и знаете често во народот се вели „ми го изеде џигерот” или пак „се помоча од страв”. 

Знаејќи го сето ова, важно е да го слушаме своето тело, но и да го усогласиме својот начин на живот на исхраната, но и годишните времиња. Важно е да сме свесни за јинг-јанг и да знаеме дека светлината и темнината, односно доброто и лошото одат заедно.