Годинава, еден од најзначајните македонски композитори за филмска музика, Дуке Бојаџиев, ја одбележува својата дваесетгодишна интернационална кариера со уникатен концертен настан – „Кинематика“.
Овој целовечерен концерт ќе ги пренесе слушателите низ најзначајните моменти од филмското творештво на Бојаџиев, создавајќи емотивно патување кое ја истакнува убавината на филмската музика и нејзината моќ да ги допре најдлабоките делови од човечката душа.
Дуке Бојаџиев е композитор, пијанист и продуцент со меѓународна кариера што трае повеќе од две децении. По дипломирањето на Медицинскиот факултет во Скопје, ја следи својата страст кон музиката и студира на престижниот музички колеџ „Беркли“ во Бостон. Неговото патување продолжува во Њујорк, каде создава музика за филмови и настапува на светски познати сцени. Од Карнеги Хол до најголемите филмски фестивали во светот, Дуке Бојаџиев изгради уникатен пат како композитор, пијанист и продуцент. Неговата музика е спој на класичната традиција и современата иновација, секогаш истражувајќи ја врската помеѓу звукот и човечката емоција. Со над 20 години меѓународен успех, Бојаџиев продолжува да ја редефинира улогата на филмската музика во живата изведба.
„Кинематика“ не е само концерт – тоа е искуство кое ги обединува музиката и филмската уметност, потсетувајќи нè на нивната длабока поврзаност и способност да допрат до глобалната публика. Со поддршка од врвни музичари и со свежи аранжмани, оваа вечер ќе биде искуство кое ја слави моќта на музиката да раскажува приказни, да ги спојува луѓето и да инспирира.
Изведувачи:
Дуке Бојаџиев - пијано
Злата Тошевска Димовска - сопран
Климент Тодороски - 1ва виолина
Милена Тодороска Мургоски - 2ра виолина
Марија Димитријевич - виола
Енис Аљи - виолончело
Мартин Ѓаконовски - контрабас
Павел Ренџов - тапани, перкусии
Локација: Филхармонија
Датум: 7ми Февруари, 2025
Време: 20:00 часот
Билети: https://mktickets.