Вчера околу пладне, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен И.А. (30) од село Арачиново, кој пријавил дека бил физички нападнат од лицата О.Н. и Х.Н..

Според пријавата, во населба Ченто тие насилно го ставиле во возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки и го однеле во близина на стрелиштето „Камник“, каде физички го нападнале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.