Кичевчанка починала откако врз неа се срушила таванска конструкција

66-годишна жена починала на лице место откако врз неа паднала таванска конструкција.

Настанот се случил вчера во куќа во Кичево, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР ги соопштија деталите за трагедијата.

-На 23.11.2022 година во 13.40 часот во ОВР Кичево пријавено е дека во куќа на улицата  „Љубица Богеска“ во Кичево врз С.И.(66) од Кичево паднала таванска конструкција, по што таа починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на почината било дадено на обдукција - информираат од МВР.