Кичеец два часа е на распит во Обвинителството

Зоран Милески – Кичеец веќе два часа е на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот Рекет,  откако околу 12 часот беше спроведен од затворот Шутка.

Тој е второосомничен во случајот, а се гледа и на снимките кои ги објави Ла Верита заедно со Боки13 како зема пари од Орце Камчев.

Утре на ред е Катица Јанева.