KFC и официјално влегува на македонскиот пазар - објавен нов оглас за вработување!

На 09.07.2018 е објавен оглас за HR Officer. Денеска 13.07.2018 повторно имаат објавено нови два огласи за работа за во рестораните како и за Finance Officer.

Сега се шириме во Македонија и сме во потрага по квалификувани кандидати кои ги делат со нас: нашата визија, вредности и посветеност кон вработените. Планираме да отвориме повеќе од 15 ресторани во Македонија и да овозможиме еднаква шанса на сите да се развиваат на професионално ниво. – Стои во огласот објавен од КАН Интернатионал ДООЕЛ.

KFC е лидер во подготовка и послужување на пилешко. Еден од најголемите ланци на ресторани во светот со повеќе од 20,000 ресторани во повеќе од 100 држави. Ресторанот го нуди познатион заштитен рецепт на Colonel Sanders за пилешко од кое се прават пилешки сендвичи, врапови, бургери и други пилешки специјалитети познати за овој ресторан. KFC е дел од групацијата YUM! под која оперираат Pizza Hut и Taco Bell.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат за работно место на следиот линк:

- Оглас за вработување персонал во ресторани

- Оглас за вработување во сметковдство и финансии