Кетеринг служба – одлична заработка, бизнис без многу вложување

Кетеринг за свадби, за родендени, за секаква свечена церемонија... Во минатото ако сакаш да ти биде добро украсено, ќе мораш сам да се потрудиш, но денеска за тоа има посебни служби.

Вештината за кетеринг може да ви донесе над 1000 евра месечна заработка, така се покажува во пракса во последните години.

-Веќе две години јас се занимавам со кетеринг. Завршив факултет, но не можев да најдам работа. Земав град од Агенцијата за вработување и си отворив своја фирма. На почетокот беше тешко, како и секој друг бизнис, но за кратко се рашири. Денеска сум задоволна. Во тимот сме четворица. Сега за сега е добро, и заработката е одлична, за една убава живеача во Македонија, раскажува скопјанката Анета.

За сите креативни млади луѓе кои сакаат да почнат свој бизнис, организирањето родендени и венчавки е полн погодок. 

Клиентите мора да ви бидат на прво место, а добрите препораки понатаму ќе ви отворат многу врати. 

Ваков бизнис може да се почне и во сопствен стан, а организираноста е клуч за успех. 

Рекламата е многу важна. Потребни ви се многу контакти и добри соработници. 

Оние кои веќе се занимаваат со овие дејности, велат дека се потребни шест месеци до година дена додека да бидете задоволни со својата заработка.