Келнери, готвачи, чистачки ќе бидат потребни оваа сезона во Охрид и Струга

Охрид и Струга оваа лето ќе ги отворат вратите за многу сезонци од цела Македонија. 

Шанкери,келнери ,готвачи и собарки се едни од најбараните кадри во хотелите и угостителските објекти долж езерото.

Скоро секоја година работодавачите се соочуваат со истиот проблем, не можат да најдат соодветен кадар за да ги пополнат работните места.

Некои работодавачи, освен плата, на сезонските работници им нудат и сместување и други бенефиции.