Кејот претворен во бесплатен паркинг (фото)

Ниту катните ни подземните гаражи, а ниту големите отворени паркиралишта се чини дека не можат да ја заменат сласта да се пикне автомобилот некаде за беспари.

Иако Градскиот трговски центар има голем подземен паркинг,  некои возачи се решени да паркираат на кејот на Вардар.

Дали цената за паркирање по час им е превисока или пак тука им било поблиску, факт е дека скопјани не можат да се одвикнат од паркирање онаму каде што не е дозволено.

Фотографиите се преземени од Ѕид на сообраќаен срам.