Казни за пребрзо возење за 287 возачи

287 возачи се санкционирани заради движење со брзина поголема од дозволената. 

Имено, во текот на вчерашниот ден (02.10.2022), Министерството за внатрешни работи спровело засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија.

Од вкупно 287, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 193 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 94 надвор од населено место.

МВР со апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.