Казни за 66 автобуси што вршат превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

При контролата констатирани се 66 сообраќајни прекршоци, од кои 10 за непрописно вклучување во сообраќај, девет за возење без сообраќајна дозвола, шест за користење мобилен телефон за при возење...

Од МВР информираа дека на вонреден технички преглед биле упатени осум возила. Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.