Казни за 396 лица за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 396 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.