Казнети туристички агенции кои немаат туристички придружник за организираното патување

Од градската управа информираат дека изминатиов викенд при вонреден инспекциски надзор во вечерните часови на неколку локации во Скопје од кои поаѓаат туристичките автобуси за меѓународни патувања, извршено е инспекторирање со овластените инспектори за туризам и угостителство од Инспекторат на Град Скопје, при што се констатирани неправилности кај организаторите на туристичките патувања-туристичките агенции кои најчесто немаат туристички придружник за организираното патување поради што истите се санкционирани и им се изречени казни.
- Сакаме да напомене дека и во наредниот период Инспекторат на Град Скопје ќе врши засилени контроли се со цел да и во туристичката дејност се почитуваат законските прописи - велат од Градот.