Казнети повеќе од 70 возачи кои возеле пијани

Во текот на вчерашната вечер (30.12.2021) во периодот од 19.00 до 24.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 77 возачи. Од нив 43 на територија на СВР Скопје, осум на територија на СВР Битола...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.