Казнети околу 100 возачи поради сообраќајни прекршоци

СВР Скопје изминатото деноноќие казнила околу 100 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци. Така, сообраќајната полицијата казнила 43 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај биле исклучени 14 возачи. Од нив, еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќај исклучени се и 13 нерегистрирани возила.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци.

Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои девет лица поминале со телесни повреди.