Казнети 68 возачи за непропуштање пешаци

Санкционирани се 68 возачи, од кои 19 на територија на СВР Тетово, 14 на територија на СВР Велес… во вчерашната засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи спроведена од 9 до 12 часот на територијата на целата држава.

- Засилените акциски контроли ќе продолжат. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, информира МВР.