Казнети 452 возачи за брзо возење за само еден ден

Во текот на вчерашниот ден (03.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Санкционирани се вкупно 452 возачи. Од нив 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 203 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 249 надвор од населено место, информираат од МВР.

Од таму додаваат дека вакви сообраќајни акциски контроли, ќе спроведуваат и во следните денови.